Судски совет денеска на седница избра по тројца судии во скопскиот Кривичен и во Граѓанскиот суд. Тие ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители, а според Советот, избраните имале најмногу бодови на конкурсот.
Лиљана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митреска се новите судии во Основниот суд – Скопје 1, додека, пак, Ирена Митреска, Влатко Сековски и Сања Томиќ Велковски се избрани за судии во Основниот суд – Скопје 2.
Тие биле избрани со 11 гласови „за“, плус по 4 гласови од членовите кои се припадници на немнозинските заедници, а немало глас против.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиевски, по изборот им честита на новоизбраните судии, посочувајќи дека од нив како нова млада генерација се очекува многу и да покажат резултати.