742
По три недели, пронајдено е телото на Спасе Димовски, кој исчезна во невремето, во селото Белештевица. Телото било пронајдено во близина на вливот на реката Бабуна во Вардар.
Безживотното телото на Димовски било забележано како плови по Вардар низ Велес, по што екипата за спасување интервенирала.
Спасе Димовски исчезна на 6 август, откако со неговиот трактор се обиде да и помогне на екипа на ЕВН, кои со возило беа заглавени во кал.