Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве ги започнаа активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во населбата Пинтија.
„Целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики.
По изработката на проектното решение ЈП Улици и патишта во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на бул. Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри.
Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани.
ЈП Улици и патишта заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ќе ја вршат по сите стандарди за долгорочно решавање на проблемите со наносот на вода врз овој потег, а откако ќе бидат завршени сите потребни активности ќе биде вратена во првобитна состојба и пешачката патека по должината на булеварот“, велат од ЈП Улици и патишта.