По три децении пауза Владо Јаневски пак ќе пее на „Макфест“

by Fokus

Општина Штип се подготвува за реномираниот фестивал на забавна музика ,,Макфест 2023” кој ќе се одржи по 38-ми пат. Најавено е гостување на познати музички имиња, помеѓу кои и Владо Јаневски, кој ќе запее на фестивалот по 30 години пауза, откако на истиот ја изведе популарната ,,Чаирска романтика”.

Песната со која ќе се претстави овојпат е насловена ,,Златни години”. Инаку, Јаневски во рекорден рок распродаде два концерти кои ќе се одржат во Македонска Филхармонија на 16-ти и 25-ти ноември, а во продажба се и влезниците за третиот концерт кој ќе се одржи на 26-ти ноември.

Најавени се настапи и на Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Таско, Огнен Здравковски, „Љубојна“ и други.

Водители на ,,Макфест” ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.

Годинешниот фестивалски слоган гласи „Музичка фестивалска симфонија за цела Македонија“.

Вики Клинчарова

Поврзани новости