Откако за последен пат учествуваше на популарната музичка манифестација Евровизија во 1993 година, Луксембург повторно се враќа на настанот со свој претставник во 2024 година во Шведска.
За враќањето по тридецениската пауза, луксембуршката влада формирала специјален тим, кој ќе помогнел во организацијата околу камбекот со цел добро претставување пред публиката.
Веста за повторното уество на Луксембург на Евровизија ја потврдија ЕБУ и РТЛ, а нивниот претставник ќе биде избран во јануари 2024 година.
Инаку, Луксембург досега има учествувано 37 пати на Евровизија и е една од најуспешните земји со пет победи.
За првпат победата ја освои во 1961 година, потоа во 1965, 1972, 1973 и 1983 година.
Во 1993 година заврши на 20-то место, и се повлече од натпреварувањето во наредните години. Како причина за неучествувањето се наведуваа финансиски прашања и недостаток на ,,човечка сила”.
Како потсетување, Македонија во 2024 година нема да учествува на настанот, а одлуката неодамна ја соопшти јавниот сервис МРТ. Земјата не учествуваше и на Евровизија 2023, поради економската криза.
Вики Клинчарова