Бендот чии песни околу пет децении се вртат во етерот и важи за еден од најпопуларните на поранешните Југословенски простори – ,,Нови Фосили” го најави својот концерт во Скопје. По пауза од околу триесет години, ,,Фосили” заедно со вокалистката Сања Долежал ќе гостуваат во Македонија, а концертот е најавен како еден вид на интимен проект.
Истиот ќе се одржи на 9-ти април со почеток од 20 часот во Македонската филхармонија, и е во организација на Вајб Продукција.
-Честа е наша да ви го најавиме нашиот следен интимен прокет, за кој со сигурност мислиме дека нема да биде доволна една Македонска Филхармонија, поради фактот кои се и што значат ,,Нови Фосили”, брендот и бендот кој повеќе од 50 години зрачи со својата енергија, со огромен придонес во поп-рок културата и светски признанија од типот на Евровизија, во времето кога навистина се избираше квалитет.
Задоволството ќе биде на сите нас, после 30 години повторно да ги слушнеме во живо евергрините ,,Еј мој Саша”, ,,За добра,стара времена”, ,,Ја сам за плес”, ,,Милена” и други – информираат од организацијата.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 14-ти февруари, по цени од 1.500 денари за сребрени седишта, 1.800 денари за златни седишта, и 2.100 денари за ВИП влезници од кои има само 110 за продажба.
Вики Клинчарова