Откако пред две недели одржа ВИП концерт во Куманово Спа, популарната балканска турбо фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ повторно доаѓа во Македонија. На 18-ти јуни таа ќе настапи во Голд Фелиција Кабаре во Битола, и влезниците за концертот по цена од 1.200 денари веќе се пуштени во продажба.
Пред концертот на Цеца, во Голд Фелиција овој месец ќе гостуваат и Аца Лукас, на четврти јули, Драгана Мирковиќ на 11-ти јули и ДНК и Лозано на 17-ти јули. Минатата недела пак, настап имаше Сека Алексиќ.
Ражнатовиќ, која деновиве во регионот е актуелна со новиот дует со Жељко Јоксимовиќ, ,,Повеќе од среќа” кој го промовираше пред три недели, на својата официјална страница нема истакнато детали за други настапи и концерти.
Концертот во Куманово кој се одржа во јуни, беше нејзиниот единствен јавен настап овој период.
На почетокот на годинава, во јануари, таа исто така гостуваше во Македонија, како главна музичка ѕвезда на Ромски бал во Скопје.
Вики Клинчарова