1.3K
На мрежата „Телеграм“ повторно е отворена група „Јавна соба“ во која се споделуваат интимни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија.
До сега се споделени повеќе од 60 фотографии и 14 видеа. Групата за еден ден брои повеќе од 260 членови, но се гледа дека се бара поголема масовност и опции како да се дојде до нови членови.
Од МВР велат дека веќе се запознаени со случајот и веднаш постапуваат и за оваа нова група. За неа е известено и обвинителството и повикуваат жртвите доколку се препознаат да пријават во полиција.