Министерството за внатрешни работи покренало пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка кај Лескарци, каде животот го загубија 14 лица, а повеќе од 30 се повредени, истакна министерот Оливер Спасовски.
-Лично, чувствувам дека како луѓе не можеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓусебно, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, изјави Спасовски.
Тој соопшти дека се покренати пет постапки за говор на омраза и соодветни пријави до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на детекција на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.