Поп музичарот Ламбе Алабакоски денес ја промовираше обработката на фолк евергринот на Александар Саревски „Дејгиди луди млади години“.
Изминативе неколку години стануваат се попопуларни обработките на старите македонски песни, а освен Ламбе, песната од богатиот репертоар на Сариевски веќе ја имаат обработено и други музичари помеѓу кои Дани Димитровска, минатата година со аранжман на Никола Мицевски, Блаже Маротов пред две години, а доста е популарна и изведбата на Тоше Проески од 2006 година.
За обработката на Алабаковски, аранжманот е на Дарко Димитров, придружен вокал е Нина Јанева, Димитар Андоновски – виолини и Никола Мицевски – хармоника.
Снимен е и видео запис со потпис на Зага Продукција.
По настанот со палењето на вратата на бугарскиот клуб во Битола, интересот за Ламбе доста се зголеми и тој има голем број на настапи во локали и на манифестации.
Кога се новите авторски песни во прашање, лани ја сними песната „На чекор од брегот“, а пак само еден ден по опожарувањето на вратата на клубот, тој настапи на Фолк Фест Валандово со авторската фолк песна „Нема збогум“ со музика и текст на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски.
Вики Клинчарова