По Томпсон и Грашо, Данијела Мартиновиќ повторно вљубена во пејач!

by fokus

Популарната хрватска музичка ѕвезда Данијела Мартиновиќ (51) повторно е вљубена, околу две години по разделбата со Петар Грашо, со кого заедно поминаа 24 години.

Хрватските медиуми откриваат дека нејзиниот нов избраник е Јосип Плавиќ (49), полициски инспектор, со кого се запознала минатата година, кога и бил украден идентитетот на социјалната мрежа Инстаграм.

-Откако се запознавме, сфативме дека делиме исти вредности, погледи на животот и светот, раскажа Мартиновиќ за ,,Глорија”.

Но, освен што е вработен како инспектор, Јосип е познат во Хрватска и како рок музичар, вокалист и гитарист на бендот ,,Изван закона”, кој е активен на рок сцената од 1991 година. Зад себе има еден брак и ќерка.

Ова е трет избраник на Данијела, кој се занимава со музика. Пред врската со Петар Грашо таа беше во брак со музичарот Марко Перковиќ Томпсон.
Со него се венчаше во Сплит во 1995 година, а по три години брак се разделија. Уште додека беше во брак со неа, Томпсон ја запознал сегашната сопруга Сандра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости