По Тамара и Васил и Андреа ќе пее на Парадата на гордоста

by Fokus

Поп пејачката Андреа Коевска, којашто годинава ја претстави Македонија на Евровизија во Торино, ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје, која ќе се одржи на 25-ти јуни. Настанот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена-борец“, а во 19 часот ќе започне протестниот марш до Градскиот парк,по што ќе продолжи со културно-забавна програма на стадионот на АРМ.

Покрај настапот на Андреа, најавено е гостување и на повеќе диџеји од земјава, но и од Србија и Америка. Коевска не е единствената македонска претставничка која настапува на Парадата на гордоста во Скопје. Во 2019 година, по враќањето од Евросонг, и Тамара Тодевска облечена во боите на виножитото пееше на настанот под мотото „Љубов е љубов“.

Лани пак, настап имаше Васил Гарванлиев, а настанот беше под мотото „Вон ѕидовите“. Истата година тој пееше и на ЛГБТ парадата во Бугарија. Годинава мотото на настанот е „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“. Инаку, по скандалот со фрлањето на македонското знаме на земја во Торино, за што се извини, Андреа се нема појавено во јавност.

Тогаш од МРТ најавија санкции за делегацијата, но што конкретно се одлучило и дали некој е санкциониран, се уште нема официјална објава од јавниот сервис.

Вики Клинчарова

Поврзани новости