По своја иницијатива антикорупционерите ќе ја проверуваат продажбата на земјиштето кај Холидеј ин

by fokus

Комисијата за спречување на корупција по своја иницијатива отвори предмет за продажбата на земјишетото спроти хотелот Холидеј ин, каде ќе се градат висококатници.

Антикорупција ќе истражува дали е незаконско окрупнувањето на земјиштето кај оваа локација, по што е извршена продажбата. Ќе се испитува и дали се прекршени основните начела за заштита на животната средина со изградбата на предвидените висококатници.

На денешната седница антикорупционерите одлучија да отворат и постапка за непотизам во случајот со вработувањето на ќерката на пратеничката на СДСМ Катерина Кузмановска. Според пријавата на ВМРО ДПМНЕ, Марија Кузмановска е вработена на скопска Гинекологија така што било злоупотребено дискреционото право на директорот и министерот.

Маја Васева

Поврзани новости