По свадбата со Хана, Грашо најави концерт во Скопје!

by fokus

Хрватскиот музичар Петар Грашо, кој деновиве ги полни страниците на регионалните медиуми со детали од свадбата со Хана Хуљиќ, наскоро доаѓа во Скопје. Тој ќе одржи голем солистички концерт во Арена Борис Трајковски на 18-ти мај, а влезниците веќе се пуштени во продажба.

Нивните цени се движат од 600 денари, па нагоре. Има понуди и по цена од 7.500 денари, кои се однесуваат на четири влезници и шише со аклохолен пијалок.

Грашо е редовен гостин во нашата земја и со години наназад во тек на летниот период одржува концерти.

Последен пат гостуваше во Струмица пред околу два месеци, кога пееше во ресторан, пред ограничен број на гости, а настанот беше најавен како ексклузивен концерт, со ВИП мени за присутните.

Вики Клинчарова

Поврзани новости