По суспензијата на твитер и фејсбук, Трамп ќе основа своја социјална мрежа

by Фокус

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, чии профили на твитер, фејсбук и другите социјални мрежи се суспендирани по упадот во Капитол на 6 јануари, планира да основа сопствена платформа за два до три месеци, откри еден од неговите блиски советници.

Џејсон Милер, портпаролот на изборниот штаб на Трамп во 2020 година, изјави дека Трамп повторно ќе влезе во просторот на социјалните медиуми со нова сопствена платформа која, како што рече, целосно ќе ги смени правилата на игра.

Милер, како што пренесува Ројтерс, не навел повеќе детали, но од организацијата на Трамп одбиле да ги коментираат овие тврдења.

Поврзани новости