275
Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
За средбата, без повеќе детали, преку објава на неговиот официјален фејсбук-профил, информираше Мицкоски. Во неа, тој пишува дека со Агелер разговрале за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон ЕУ.
„Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области“, објави Мицкоски.