По смртта на двегодишно девојче, Турција најави отстранување на уличните кучиња

by Fokus

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска вети дека целосно ќе го спроведе контроверзниот закон за отстранување милиони кучиња скитници од улиците.

Законот, познат како „закон за масакр“, беше усвоен од Парламентот минатото лето, но општинските власти го применуваа само делумно, а во некои случаи воопшто не е применуван.

Двегодишното девојче Рана Ел Селчи почина откако во петокот беше нападнато од глутница кучиња скитници во градот Коња, во централна Турција. Нејзината смрт предизвика големи протести поради опасноста што ја претставуваат кучињата скитници кои шетаат по улиците и руралните области на Турција, чиј број, како што проценува Владата, изнесува околу четири милиони.

По нејзината смрт беше покрената кривична истрага, а општинските работници почнаа да ги фаќаат кучињата.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во саботата рече дека Владата „презема решителни чекори за да обезбеди спроведување на законот“.

Кога беше изгласан законот, најголемата опозициска партија најави дека општините во кои е на власт нема да го спроведуваат.

Поврзани новости