131
Бројот на загинати по силниот земјотрес во Јапонија се искачи на 168, а сè уште се водат за исчезнати 323 лица.
Во градот Ваџима исчезна 281 лице.
Големиот земјотрес, кој ја погоди префектурата и соседните области во понеделникот минатата недела, достигна магнитуда од 7,6 степени.
Спасувачките екипи во саботата извлекоа жива 90-годишна жена од урнатините на уништената куќа во крајбрежниот град Сузу. Лекарите го опишаа спасувањето како редок настан.
Планини од урнатините, оштетените патишта, лизгање на земјиштето го отежнуваа пребарувањето на тимовите за спасување. Според извештаите во јапонските медиуми, нивната работа исто така била попречена од снежни врнежи.