По шест години, Марија Шерифовиќ повторно доаѓа во Скопје со голем солистички концерт

by Fokus

Популарната српска пејачка и евровизиска победничка во 2007 година, Марија Шерифовиќ (39), го најави својот солистички концерт во Скопје, кој ќе се одржи во Арена Борис Трајковски на втори ноември годинава.
Ова ќе биде нејзин втор концерт во Скопје, по првиот кој се одржа во 2018 година и кој помина во одлична атмосфера, со преполна сала.

Марија е присутна на сцената веќе две децении, а на почетокот на кариерата голем успех и донесе песната на Дарко Димитров, ,,Знај да знам” која стана најголем хит од нејзиниот прв албум.

Лани во декември таа доби дете од сурогат мајка. Нејзиниот син Марио се роди во болница во Лос Анџелес, а пејачката откри за српските медиуми дека во неколку наврати неуспешно се обидела да стане мајка, и на крајот се одлучила за сурогат мајка со која ги поминала сите предизвици на бременоста.

По раѓањето на синот, објави дека ја имала најбурната година на професионален, но и на приватен план, и како сега, кога имала 39 години можела да каже дека срцето и душата и се спокојни и се си дошло на своето место.

Вики Клинчарова

Поврзани новости