537
Во моментот во склад во близина на Миладиновци, судиите од Кривичен суд, Огнен Ставрев и Осман Шабани, како и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетами и Гаврил Бубевски, вршат увид на автомобилот „опел омега“.
Овој автомобил за прв пат имаше можност да го види и јавноста, со што конечно се разреши дилемата дали овој автомобил постои. Со свои очи автомобилот го видоа и обвинетите за петкратниот масакар што се случи на 12 април 2012 година.
Според обвинителниот акт, во автомобилот се превезувале извршителите на петкратното убиство што се случи кај Смилковско езеро.