1.9K
Како што веќе објави „Фокус“, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“, поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски денеска излезе на слобода.
Неговата ќерка Лејла Рамковска радоста ја сподели на својот фејсбук профил, каде што објави заедничка фотографија со својот татко и сестра Емел Рамковска.
Велија беше осуден на 13 години затвор, но како што неофицијално дознаваме добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен. Ова значи дека по неколку месеци, Рамковски повторо ќе се врати зад решетки. Но доколку до тогаш поминат 8,6 години, од моментот кога беше притворен, тогаш може да добие и целосно ослободување, бидејќи ќе одлежи две третини од казната, по што може да бара условен отпуст.
В.В.