По седум години пауза Калиопи ќе одржи концерт во Македонија

by fokus

Популарната поп пејачка Калиопи (55), по седум години откако го одржа својот последен солистички концерт во Битола, повторно најави самостоен концерт во земјава, и тоа во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Хаџи Костадинов – Џинот”.

Настанот е закажан на 26-ти ноември, со почеток од 20 часот на големата сцена ,,Петре Прличков”.

Како што е наведено во најавата за концертот, таа доаѓала во Велес на покана од Народниот театар.

Инаку, нејзиниот поранешен сопруг, актерот Васил Зафирчев, со кого Калиопи и по разводот остана во пријателски односи, е уметнички директор во театарот.

Изминативе години пејачката имаше голем број на концерти во регионот. Освен што е активна на поп сцената, таа компонира музика за балет и театар.

Периодов беше доста актуелна балетската претстава ,,Госпоѓиците од Авињон” за која музиката ја компонираше Калиопи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости