Мартин Филиповски (36), едната половина од музичкото дуо „Некст тајм” ја запроси својата девојка Андреа Белеска (28), професионална ракометарка по потекло од Кичево.
Запросувањето се случило вчера, на неговиот роденден, и тој објави фотографија од златниот прстен со скапоцен камен, со кој ја побарал раката на Андреа.
Парот е заедно околу седум години, а поради професионалните ангажмани на Андреа надвор од земјава, нивните блиски раскажуваа дека одлично ја одржувале љубовта на далечина, со многу разбирање и меѓусебна поддршка за личните кариери.
И Стефан, братот близнак на Мартин, кој е дел од ,,Некст тајм” исто така е во подолга врска со Тинеа, блогерка од Белград, и двајцата често објавуваат фотографии од заеднички патувања со своите партнерки.
Кога е кариерата во прашање, дуото ја освои публиката со авторските рок песни пред повеќе од десет години, за да потоа се префрли во друг правец, односно веќе неколку години наназад снимаат обработки на стари македонски песни.
Вики Клинчарова