564
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот Плетвар во атар на селото Тројаци кон селото Топлица.
Поради пожарот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман беше во прекин повеќе од седум часа, а од двете страни на превојот се формираа километарски колони.
Пет големи пожари беа активни вчера во Прилепско. На помош на прилепските пожарникари пристигнаа екипи од соседните градови, кои заедно со нив се обидуваа да го изгаснат огнот.