На втори декември во Центар за култура ,,Антон Панов” во Струмица ќе се одржи седмата по ред манифестација ,,Убави сме, свои сме”.
Настанот е во организација на здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром ,,Вера”, и ќе започне во 19 часот.
Ова е една од ретките манифестации во земјава која е посветена на лицата со попреченост, и им дава можност да ја пренесат пораката дека секој е убав на свој начин. Настанот е поддржан од голем број на јавни личности кои заедно со малите модели чекорат по модната писта, бидејќи концептот му е како модна ревија на која децата со попреченост ги истакнуваат своите квалитети, добиваат внимание, но и поддршка од заедницата.
Зад здружението ,,Вера” стои Анче Туфекчиева, мајка на Верче, која е девојче со даун синдром, позната како голем активист и жена која со својата мајчинска љубов и посвтеност со години наназад допринесува за рушење на табуата, но и прифаќање и разбирање на различностите.
Вики Клинчарова