По расправија со сопругот, се самоповредила со нож

by Фокус

Дваесет и пет годишната В.М. од Скопје е донесена во Ургентниот центар со убодна рана од остар предмет откако вчера попладне се самоповредила во абдоменот по расправија со сопругот.

Според нејзинот исказ, расправијата со сопругот се случила во нивниот дом по што таа се самоповредила со нож.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на натамошно лекување.

Поврзани новости