По расправија меѓу маж и жена таа го пријавила за насилство, но и тој ја пријавил неа

by Fokus

Скопјанец и неговата сопруга меѓусебно се обвиниле во полицијата за семејно насилство кое, според пријавите, се случувало во семејниот дом во скопската населба Карпош.

Вчера во 14.30 часот, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

Подоцна во текот на денот, во 19.30 часот, скопјанецот во полицијата пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, тој бил физички нападнат од неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Поврзани новости