По ракетниот напад врз Украина, четворица загинати во Лвов

by Fokus

Русија утрово изведе голем ракетен напад на Украина, кој ги зафати речиси сите делови од земјата. Четири лица загинаа во Лвов, потврдија локалните власти, додека во Харкив и Одеса се погодени станбени и инфраструктурни објекти.

„Непријателска ракета падна во станбена област во населбата Золочив. Уништени се три згради. Засега знаеме дека има четворица загинати, но можеби има уште луѓе под урнатините“, изјави шефот на воената управа на Лвов, Максим Козицки.

Гувернерот на Харкив, Олег Синегубов, изјави дека градот и околината биле погодени со 15 ракети, додека Одеса останала без струја по ракетирањето на енергетски објект. Експлозии се регистрирани и во Киев, Житомир, Виница, Ревне, Полтава и Днепар, каде што загинало едно лице.

„Четириесет посто од Киев моментално е без греење откако снема струја“, изјави градоначалникот Витали Кличко.

Поврзани новости