554
Откако заврши протестот пред собранието против договорот со Грција за промена на уставното име, непознати лица фрлиле црвена боја брз централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија се сомневаат дека нападот доаѓа од лица поврзани со власта, кои промениле методи својствени за шерената револуција, со цел да го втурнат ДПМНЕ во насилство за полесно да се делегитимира борбата против капитулацијата на Зоран Заев со договорот за името.
“Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 -ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета – изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, оценувајќи го овој чин како напад врз демократијата.