По примерот на поднесената пријава Тошковски да поднесе кривична и за Митревски кој не плаќа патарини, велат од СДСМ

by Fokus

По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски, соопштија од СДСМ.

„Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини. Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека?“ порачаа од партијата.

Оттаму прашуваат дали и раководителот Ванчо Милевски, кој, како што посочуваат, исто така не плаќа патарини, ќе добие Кривична пријава од Тошковски?

Или, велат, законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините.

Поврзани новости