По пријава на директорот, во Одри приведен анестезиологот кој снимаше пациентки на ТикТок

by fokus

Анестезиологот кој одеше во живо на социјалната мрежа ТикТок снимајќи пациентки и персонал на одделот на гинекологија во тетовската болница синоќа е приведен во селото Одри, информираа од МВР за „Фокус“.

-Приведен анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на “ТикТок”. На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Директорот на Тетовската болница веднаш го осуди анестезиологот и неговата постапка и најави дека ќе го пријави во полиција.

К.С.Б.

Поврзани новости