Израел го отфрла „одвратниот“ обид да го негира правото да се брани и ќе ја продолжи борбата против Хамас, објави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по одлуката на Меѓународниот суд на правдата со која го повика Ерусалим да преземе мерки за да спречи геноциден чин врз Палестинците.
„Посветеноста на Израел кон меѓународното право е непоколеблива. Исто така, нашата света посветеност за продолжување на одбраната на нашата земја и нашиот народ е непоколеблива“, објави Нетанјаху онлајн на англиски.
„Годниот обид да се негира на Израел тоа основно право е бесрамна дискриминација на еврејската држава и со право е отфрлен. Обвинението за геноцид поднесено против Израел не само што е лажно, туку е претерано, а пристојните луѓе насекаде ќе го отфрлат“, рече Нетанјаху.
Означувајќи го Хамас како геноцидна организација, израелскиот лидер тврдеше дека Израел води војна против „терористите, а не против палестинскиот народ“ и додаде дека Хамас вети дека ќе ги повтори „злосторствата“ извршени на 7 октомври.
Нетанјаху, исто така, најави дека и покрај војната, Израел ќе продолжи да ја олеснува испораката на хуманитарна помош и ќе направи се што е можно да не им наштети на цивилите дури и ако Хамас ги користи како жив штит.
„Во пресрет на Меѓународниот ден на холокаустот, повторно се обврзувам како премиер на Израел – никогаш повеќе“, рече тој и вети дека ќе го направи она што е неопходно за да ги одбрани Израел и израелскиот народ.
Канцеларијата на Нетанјаху, исто така, објави изјава на хебрејски за одлуката на судот и рече дека Израел води праведна војна „против чудовиштата на Хамас кои убиваа, обезглавија и киднапираа израелски граѓани“, објавија израелските медиуми.
„Самото тврдење дека Израел врши геноцид врз Палестинците не само што е лажно, туку е претерано и подготвеноста на судот да го земе во предвид е знак на срам што нема да биде избришан со векови“, рече Нетанјаху.