По препорака од ЕМА ќе се одлучи дали помладите ќе се ревакцинираат со „АстраЗенека“ или со друга вакцина

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утрово е разговарано со српското Министерство за здравство за список на македонски граѓани кои се вакцинирале со „АстраЗенека“ во Србија, а откако ќе биде познат ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дали таа ќе продолжи да им се дава на помлади лица, тие наши граѓани во земјава ќе ја добијат втората доза од оваа вакцина.

Доколку по препорака на ЕМА нема да продолжи вакцинирањето кај помлади од 60 години со „АстраЗенека“, овие луѓе ќе бидат ревакцинирани со вакцина од друг производител.

-Ние ќе се водиме според препораките на Европската агенција на лекови. Бордот на ЕМА меѓу 6 и 9 април ќе има состанок и ќе се чека нивниот став во однос на аплицирање „АстраЗенека“ кај помлади – доколку ставот е да се продолжи и нема никаков проблем – сите тие ќе може да бидат и ревакцинирани, изјави Филипче.

Додаде дека вакцинирањето со „АстраЗенека“ кај граѓани над 77 години на пунктовите низ државата се одвива добро и без контраиндикации, има списоци и за помлади од таа возраст, а треба да стигнат и дополнителни количiни од оваа вакцина.

Поврзани новости