Сликата на Винсент Ван Гог Парохиската градина во Нуенен во пролет е вратена во музејот Сингер во Ларен, Холандија, 3,5 години откако беше украдена од музејот, објави холандскиот јавен сервис НОС.
Слика од 1884 година, која беше украдена од музеј во Холандија во март 2020 година, му била предадена на холандскиот детектив Артур Бренд, јави Би-Би-Си.
Детективот за обновување на уметноста Артур Бренд изјави дека по пребарувањето и преговорите со разбојникот, ја извлекол сликата на Ван Гог и дека таа е вратена во музејот.
Бренд изјави дека се знае дека лицето кое ја дало сликата не е вклучено во кражбата.
Нилс М, францускиот крадец кој ја украде сликата, беше идентификуван преку ДНК на местото на настанот. Тој беше осуден на осум години затвор во 2021 година, но сликата на Ван Гог, која е проценета на три до шест милиони евра досега не беше пронајдена.