По повеќе од еден месец прекин, ќе сообраќа возот Скопје- Гевгелија

by Fokus

Железничниот мост на реката Црна кај Градско е саниран и железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија може да продолжи. Јавното претпријатие Македонски Железници –Инфраструктура вчера изврши пробно оптеретување на мостот, кој беше вон функција месец ипол и донесе одлука дека возот кон Гевгелија ќе може да сообраќа.

За санацијата на железничкиот мост на реката Црна денеска се заблагодари и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. „Честитки за вредните инженери, градежни работници и професори кои за 35 дена превземаа комплексна градежна активност за реконструкција на носечкиот столб на железничкиот мост кај Градско“, напиша Бочварски на својот Фејсбук профил.

Железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 Ноември поради напукнат столб на мостот, по што се направи санација на средниот столб и на главните носачи на мостот.

Поврзани новости