563
Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби со 3:0 во сетови од големиот фаворит Полска во третиот натпревар на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски на периоди дадоа добар отпор, меѓутоа квалитетот на Полјаците, кои се први фаворити за златниот медал, беше пресуден.
Никој не им правеше притисок на одбојкарите, ниту пак бара одговорност за поразот од репрезентацијата која освои две од последните три светски првентва, а на третото играше во финалето.
Македонија утре е слободна, а во вторник, во 17 часот игра против Холандија.