По половина час се чека за влез во државава на ГП „Табановце“ и за излез на ГП „Богородица“

by Fokus

По околу половина час се чека за влез во државава на граничниот премин „Табановце“ и за излез од државава на ГП „Богородица“, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен – соопштија од АМСМ.

Поврзани новости