5
МВР информира дека од ноќеска на полноќ, од 00.00 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објекти во Тетово за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење алкохол на малолетници.
При контролата, во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, сопственост на Ф.Н. (33) од с. Порој, Тетовско, биле затекнати седум малолетници, кои биле предадени на нивните родители.
На сопственикот на објектот му бил изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.