Во моментот во Градската болница „8 септември“ хоспитализирани се 83 пациенти позитивни на Ковид 19, што значи дека во однос на претходниот период бројките на пациенти на болничко лекување полека почнаа да се намалуваат.
„Значи, во моментот има 83 позитивни пациенти на Ковид 19, четири нови приеми, 14 излекувани кои веќе се испишани во подобрена состојба на домашно лекување и пет се на респиратор. Денеска нема починати пациенти – потврди за „Фокус“ директорот на болницата, доктор Кристијан Костов.
Се уште официјално не се објавени денешните податоци од министерството за здравство за заразени пациенти од корона вирус во земјава, но заклучно со вчерашниот ден вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.
И.М.