По победата на Додик, опозицијата во Република Српска вечерва на протест против пристрасното известување на РТРС

by Fokus

Во организација на опозициските партии во Република Српска вечерва се одржува протестен собир на граѓани во близина на зградата на Радио и телевизија на Република Српска (РТРС) во Бања Лука, пренесува Анадолија.

Опозициските партии претходно најавија дека протестот се организира за да го изразат своето незадоволство од необјективното известување на јавниот сервис.

Јелена Тривиќева, која беше кандидатка за претседател на РС на општите избори одржани на 2 октомври, рече дека барањето до РТРС е објективно известување и „да запре со етикетирање на сите оние кои мислат поинаку од режимот”. Таа порача и дека протестите на опозицијата нема да престанат, а нивното барање е судството да функционира и да ги процесуира оние кои, како што таа тврди, учествувале во кражбите на изборите.

„И покрај негативната одлука на Судот и на ЦИК, борбата мора да продолжи”, објави денеска на социјалните мрежи Јелена Тривиќ, додавајќи дека ќе се бори против „коруптивното зло” и дека одговорните за изборната кражба на крајот ќе бидат казнети.

Централната изборна комисија на БиХ денеска ги потврди резултатите, а со тоа и изборот на Милорад Додик за претседател на Република Српска

Поврзани новости