Најголемото судење на радикално десните екстремисти во Грција, групирани во партијата Златна зора и околу неа, денеска треба да заврши со изрекување на пресудата, по повеќе од пет години.
Шеесет и осум лица, меѓу кои и лидерот на партијата Николаос Микалолиакос и поранешни функционери, како и полициски службеници, се обвинети за злосторничко здружување зад фасадата на политичката организација.
Обвиненијата вклучуваат обид за убиство, илегално поседување на оружје и бруталност кон противниците. Тие ги отфрлија обвиненијата и тврдат дека се работи за политичко заплашување.
Златна зора го доживеа политичкиот врв во 2012 година во времето на економската криза на Грција. Тогаш доби 12 отсто од гласовите и беша најсилна партија во Парламентот.
Промовирајќи радикално десни и расистички идеи на политичката сцена, Златна зора ги спроведуваше со помош на криминалци кои тероризирале мигранти, ЛГБТ заедницата и левичарски активисти.
Со убиството на левичарскиот активист, хип-хоп музичарот Павлос Фисос во 2013 година, конечно се укажало на врските кои партијата ги има со криминални структури. Судењето почна во април 2015 година.