Култниот бенд ,,Меморија” ќе одржи концерт на 11-ти јуни на стадионот на АРМ. По пет години пауза, членовите на групата вчера ја одржале првата проба, а најавата за концертот ја објавија на својата официјална страница.
-Бидна и првата проба, сите на куп, една фотка и после свирка! По пет години несвирење, не сме заборавиле многу.Меморија цела да е, секој да ја знае, се гледаме на 11-ти јуни на стадионот на АРМ, објавија од бендот.
Тие уште кон крајот на ноември 2019 година најавуваа концерт, но плановите им се променија поради пандемијата со корона вирусот.
Во 2017 година пак, по повод 35 години постоење и 25 години од последниот концерт, групата направи концерт во Метрополис арената. Приредија настан за памтење, каде публика од сите генерации наизуст ги пееше нивните хитови.
Вики Клинчарова