После шест распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт во „Атнички театар“ – Охрид. Настанот е закажан на 10-ти август, во организација на „Прагма продукција“.
-Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.
На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја-велат од организацијата.
Влезниците веќе се пуштени во продажба по цени од 800 до 1.200 денари, а пакетите со четири влезници и пијалок се од 7.000 до 10.000 денари.
Вики Клинчарова