По пантерот во Србија, снимени мајмуни во Босна!

by fokus

Откако регионот сведочеше на невообичаената приказна за црниот пантер кој шеташе низ Србија, и беше снимен од повеќе очевидци, завчера од Босна дојде уште една неверојатна видео приказна.

Имено, минувач во близина на Приједор, покрај магистрален пат снимил мајмун. Снимката беше објавена на социјалните мрежи, но и во тамошните медиуми, по што се огласија локалните власти и го повикаа населението на смиреност.

-Станува збор за женка мајмун и нејзиното младенче, кои побегнале од ранчот Арис. Тие трчале покрај магистралниот пат, а потоа биле забележани како се качуваат на дрво. Животните се исплашени, наши екипи се на терен и ги бараат. Ќе бидат успиени со инјекција и вратени назад на ранчот – известија.

Потоа информираа дека мајката со младенчето била пронајдена на патот помеѓу Бања Лука и Приједор.

-Ги лоциравме качени на дрво, дојде ветеринарна служба и ги заловивме. Вратени се на ранчот Арис, каде има мини зоолошка градина – појаснија босанските власти синоќа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости