Попладнево се урна авион кај Загреб во Јеждовец. Авионот се урнал недалеку од пистата веднаш по полетувањето.
Пожарникарите успеале да го лоцираат местото каде се урнал авионот, а Цивилната заштита потврди дека едно лице загинало, а според нивната најава, во летот имало пет патници.
Според хрватските медиуми, едно тело е пронајдено под урнатините на авионот, тројца се повредени, а по едно лице наводно сè уште се трага.
-Денес, 25.05.2024 година, во 16:13 часот, од ОЦЦЗ добивме дојава за можен пад на помал авион во месноста Лучко. Екипите на ХГСС од станиците Загреб, Самобор и Карловац се веднаш испратени на терен и во моментов се на терен со другите оперативни сили на пожарникарите, полицијата и УХМР – соопштија од Хрватската планинска спасувачка служба.