По пад од скала почина младиот музичар Емрах

by Фокус

Младиот музичар Емрах Мехмеди денес го изгуби животот по пад од скала. Естрадата во шок од лошата вест, на социјалните мрежи се збогува со момчето од Жировница, кое ќе остане запаметено по ведриот дух.

Фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој често имаше заеднички настапи со Емрах, за „Фокус“ ја потврди веста. Тој вели дека се уште е во шок поради ненадејната загуба на блискиот пријател и колега.

-Трагедија, со неполни 30 години си замина. Син единец, татко на две мали дечиња. Многу ми беше близок, безрезервно го поддржував во кариерата. Често настапувавме заедно, нема кој не го знае во неговиот крај, беше еден од најбараните музичари, посебно кога беа свадбите во прашање – раскажува Грујовски.

Тој додава дека освен настапите со бендот, Емрах неодамна започнал и соло-кариера, снимил повеќе песни, имал гостувања во музичката емисија „Мерак меана“.

-Во чекор му се прекина животот, кариерата. Трагедијата се случила кога монтирал антени за телевизија, пад од скала. Претпоставувам било доста високо, не знам што да кажам, ова е голема загуба за семејството, за естрадата – вели Благоја.

Колегите на Емрах изразуваат сочувство на социјалните мрежи, го спомнуваат како многу голем другар, ведро момче, човек кој имал големи планови на професионално поле.

Вики Клинчарова

Поврзани новости