Откако „Фокус“ објави дека актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска на 12 мај била повикана на разговор во полициска станица поврзано со опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, со реакција се јавија и од владејачката партија.
„Градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило?Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
-Како што се наведува, извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат:Каквва е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото? Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?, прашуваат од владејачката партија.