284
ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се прошири анкетната комисија за Онкологија и да го опфати периодот од извештајот на ФЗО, откако лидерот на партијата, Христијан Мицкоски објави нови фрапантни докази, во врска со случајот “диво месо”.
Оттаму велат дека граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.
„СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.
За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.