На 1 јануари 2025 година официјално стартува Законот за нефер трговски практики, со што се очекува да се регулираат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците, рече денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Тој истакна дека досега во мониторинг-периодот се утврдени 26 нефер трговски практики.
„Оној хаос постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос и на маркетите“, рече Ристески и им порача на трговците, производителите и добавувачите дека имаат време до крајот на неделата, доколку има неправилности да ги исправат, да ја намалат цената на прехранбените производи.
Казните ќе стапат во сила по Нова година, а се движат околу 20 илјади евра.
Ако не го сторат тоа, Ристески предупреди дека Владата наредниот период ќе донесе уште подрастични мерки.