По неколку одложувања, „Талир“ повторно во судница

by fokus

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска, а обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа  организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Поврзани новости